Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Секогаш е драма кога Реал не победува

Анчелоти: Секогаш е драма кога Реал не победува
Dik 300x250 mk

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа нерешено (1:1) против Осасуна во натпреварот од седмото коло на Примера и со тоа ја прекинаа победничката серија. Ремито предизвика бурни реакции во јавноста, а тренерот Карло Анчелоти смета нема причина за загриженост.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш е драма кога Реал Мадрид не победува. Немаме оправдување за ова реми бидејќи тимот беше силен и покрај отсуствата. Досега игравме многу добро нво првенството, но се случуваат и вакви натпревари. Не се сомневам дека ќе се подобриме на следниот натпревар“, изјави Анчелоти.

Дополнителна драма на натпреварот донесе Карим Бензема кој го промаши пенал во 77.минута.

„Размислував и за промена на изведувачот на пенали, но објективно Карим е најдобриот што го имаме. Минатата сезона реши да ги шутира двата најважни пенали и погоди. Поради тоа решив да не го менувам“, изјави Анчелоти.

Реал во наредната рунда ќе гостува кај Хетафе.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен