Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Измислија пенал против нас

Анчелоти: Измислија пенал против нас

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по ремито (1:1) со Џирона, го истакна незадоволството од судењето, смета дека судијата измислил пенал за противникот, а не е сигурен дали исправно е поништен голот на Родриго.

dobivaj vesti na viber

„Никогаш не го коментирам судењето, но сега морам да го направам тоа. Првата ситуација е сосема јасна, не е пенал затоа што не ја допира топката со рака. Зборував со Асенсио и тој вели дека топката го удрила во градите. Вистина е дека левата рака е во малку чудна положба. Ако ја допре топката со рака може да има сомнеж, но тој едноставно немал контакт. Измислија пенал. Втората ситуација е малку подискутабилна, правилото е јасно, немаше јасна контрола, но таму можеш да кажеш свое мислење. Нема да дискутирам за тоа. Она што ме изненадува е пеналот, кој дојде во важен момент од играта, не чинеше многу. По оваа ситуација имаме два бода помалку на табелата“, изјави Анчелоти.

Реал и покрај овој кикс остана лидер на табелата, но сега има само бод повеќе од Барселона.

Можете да прочитате

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула