Утрински Весник
Спорт

Анчелоти има уште малку време да се изјасни за понудата од Бразил

Анчелоти има уште малку време да се изјасни за понудата од Бразил

Претседателот на Бразилската фудбалска федерација (ЦБФ), Едналдо Родригес, во вторникот изјави дека одговорот од Карло Анчелоти ќе го чека до мај. Бразилците се во потрага по нов селектор, а прва желба им а тренерот на Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

На маргините на Генералното собрание на ЦБФ, Родригес им објасни на новинарите дека се надева дека ќе може да го соопшти името на новиот селектор до 25 мај, денот на објавувањето на списокот со играчи кои ќе настапат за Бразил на пријателските натпревари во јуни.

„Пред да размислувам за планот Б, сакам да ги потрошан во целост планот А“, рече Родригес, кој никогаш не криеше дека Анчелоти, кој моментално е под договор со Реал Мадрид, е неговиот прв избор.

Италијанскиот селектор на 1 април потврди дека ЦБФ имаат желба тој да го наследи Тите кој се повлече по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар 2022 година.

„Реалноста е дека бразилската репрезентација ме сака и тоа ми ласка, тоа ме прави среќен. Но, морам да го почитувам актуелниот договор со Реал Мадрид (кој истекува во јуни 2024 година), договор кој сакам да го завршам“.

Доколку Италијанецот одбие, бразилските медиуми пишуваат дека ЦБФ би можела да се обиде да го добие Фернандо Диниз, тренер на Флуминенсе, тим кој е во форма на почетокот на сезоната во Бразил, Португалецот Абел Фереира, моментално стациониран во Палмеирас или тренерот на Фенербахче, Жорхе Жесус.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ