Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Гвардиола не сфати дека му подарија пенал

Анчелоти: Гвардиола не сфати дека му подарија пенал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не го криеше задоволството откако се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако го исфрли Ливерпул.

dobivaj vesti na viber

„Игравме и добро го контролиравме натпреварот. Не се браневме во низок блок и се трудевме да бидеме силни и сигурни на топката. Имавме шанси и бевме цврсти. “, рече Анчелоти.

Новинарите ги интересираше што разговарал Италијанецот со Клоп пред натпреварот.

„Му кажав на Клоп дека пеналот за Сити против Лајпциг е луд. Им реков да внимаваат со тоа, бидејќи не е фудбалски да се добиваат такви пенали во Лигата на шампионите. Мислам дека никој не забележа, мислам дека дури ни Гвардиола не сфати дека пеналот е досуден во негова корист“.

Можете да прочитате

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ

Дисциплинска постапка против ФК Шкендија по инцидентите во финалето од Купот на Македонија