Утрински Весник
Скопје

Анализите треба да ја покажат причината за труење на четири луѓе во гостилница во скопско Влае

Truenje Hrana 4 696x464 1.jpg

Гостилница во скопската населба Влае е времено затворена по добиената информација од Центарот за јавно здравје дека четири лица се примени на Клиникатата за инфективни болести со симптоми на труење со храна, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Гостилницата ќе биде затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање.

„По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на четири лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство енеска, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае. За лабораториско испитување земени се брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја консумирале лицата. На операторот со храна му се наредени превентивни мерки за чистење и вршење вонредни санитарни прегледи на вработените лица. Од страна на инспекциските служби, гостилницата е времено затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање.“ – информираат од АХВ.

Од ДЗСИ информираат дека согласно законските надлежности, како и Националниот протокол за постапување на надлежните институции во случај на сомнение и појава на алиментани инфекции и алиментарни интоксикации, учествува во заеднички инспекциски надзор со Агенција за храна и ветеринарство, во соработка со ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ и надлежен ЈЗУ Центар за јавно здравје.

„Надзорот се спроведува по добиено известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје за сомневање за појава на заболување со знаци на труење со храна кај лица кои консумирале храна во одреден објект.На посочениот објект му се забранува вршење на дејност, се до добивање на резултати од извршени микробиолошки анализи на затекната храна, брисеви од опрема и работни површини, како и вонредни здравствено хигиенски прегледи на вработените лица во објектот. Текот на понатамошната постапка зависи од стручното мислење на надлежниот ЈЗУ Центар за јавно здравје.“- велат од ДЗСИ.

Според податоците на АХВ за пеиод од јануари а заклучно со мај, секоја 8ма контрола покажала недоследности кога е во прашање храната во угостителските објекти, односно во внатрешниот промет спроведени се над 21 илјади контроли. За констатирани недоследности изречени се вкупно 2 536 инспекциски мерки. Како небезбедни уништени се 18,3 тони храна од животинско и од неживотинско потекло.

Можете да прочитате

Пожар избувна на тераса од стан во скопски Аеродром (ВИДЕО)

(Видео) Дива депонија среде Ченто

ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на ЈСП од СДС, кој потпиша 27 милионски договор за нафта без попуст, да каже зошто автобусуте се палат