Утрински Весник
Магазин

Ана Винтур рака под рака со Бил Нај јавно ја потврди врската

Ана Винтур рака под рака со Бил Нај јавно ја потврди врската
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Уредничката на „Вог“, Ана Винтур, навидум ја потврди својата романса со Бил Нај кога пристигна рака под рака со британскиот актер на „Мет гала“ во понеделникот вечерта.

dobivaj vesti na viber

Фотографии од парот осамнаа на насловните страници на светските шоу-биз медиуми. „Официјално е!!“, Бил е во ‘Вог’“, „Британецот успеа да ѝ го стопи срцето на ледената модна кралица“, беа некои од коментарите.

Ана и Бил, обајцата по 73 години, првпат ги поттикнаа шпекулациите дека се пар во 2021 година кога уживаа во заеднички романтични вечери во Италија.

Тие беа видени заедно и на проекцијата на неговиот филм Living in New York минатиот декември, а нивното заедничко пристигнување на најважниот моден настан во светот се чини како јавна потврда за нивната врска, пишуваат светските шоу-биз медиуми.

Славната уредничка, која е домаќин на „Мет гала“ речиси 30 години, на себе има фустан „Шанел“, а актерот се одлучи за едноставен темен костум. Креацијата што ја избра Винтур е фустан со блескави сребрени украси, златни и виолетови детали.

Таа цврсто се држи за неговата рака додека позираат пред фотографите.

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци што најчесто ги нервираат другите

Хуманитарна новогодишна изложба на олдтајмер клубот ВМ Класик во Џевахир Мол

Млада Месечина во Стрелец на 19 декември: Што ги очекува хороскопските знаци?