
Поради огромен интерес, Ана и Игор Дурловски најавуваат втор новогодишен концерт што ќе се одржи на 16 декември во Македонската опера и балет.
Познатата оперска двојка на македонската сцена ќе изведе избор љубовни песни од македонската музичка традиција, во нови аранжмани кои за оваа пригода ги направи композиторот Сони Петровски.
Настапот на Дурловски ќе биде со симфонискиот оркестар „Ајга“, под диригентство на Ана Спасовска.
Со двата концерта Ана и Игор Дурловски одбележуваат 25 години уметничка дејност.
Првиот концерт е закажан за 17 декември во Македонската опера и балет.


