Утрински Весник
Балкан

АМСМ: Во прекин сообраќајот на ГП Евзони, нормализиран на преминот Меџитлија

Evzoni.jpg

Сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) од 17 часот е повторно блокиран за влез и излез. Како резултат на грчките земјоделци, и минатите денови, сообраќајот беше блокиран.

АМСМ вечерва информира дека од 17 часот е нормализиран сообраќајот на ГП Ники (Меџитлија), а на ГП Дојран се одвива непречено.

Како што информира Автомотосозјуот, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, укажува АМСМ. 

Можете да прочитате

Врховниот суд на Грција бара од обвинителите да интервенираат доколку земјоделските блокади ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот

Вучиќ ја исклучи промена на Уставот: Размислува за наследник и премиерска функција

Српската полиција уапси локален нарко-бос со компанија во Бугарија