Утрински Весник
Свет

Амнести интернешнал бара од европските земји да ја прекинат продажбата на оружје за Израел

20241021074304 Big 730x400 80.webp.webp

Меѓународната организација за заштита на човековите права, Амнести интернешнал, изрази загриженост за продолжувањето на продажбата на оружје од европските земји на Израел, повикувајќи на целосно „ембарго на оружје“ поради „сериозно кршење на човековите права“.

-Државите треба еднострано да воведат ембарго врз Израел што ќе вклучува не само оружје и системи кои доаѓаат од нивните држави, туку и запирање на учеството во синџирите на снабдување со системи за оружје што на крајот завршуваат во Израел, рече Патрик Вилкен, советник за политика за контрола на оружјето, рече Патрик Вилкен, советник за политика за контрола на оружјето на Амнести интернешенел и истражувач за човекови права.

Европските земји се потписнички на Договорот за трговија со оружје од 2013 година, кој им забранува да дозволуваат трансфер на оружје што би можело да се користи во напади врз цивилни цели.

Вилкен ја истакна важноста од почитување на меѓународните правни обврски, вклучително и Договорот за трговија со оружје, за да се спречи трансферот на оружје во конфликтните зони и да се запазат принципите за заштита на човековите права.

Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), САД се најголемиот снабдувач на оружје за Израел. Германија е најголемиот снабдувач на оружје на Израел во Европа, соопшти СИПРИ.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење