Утрински Весник
Свет

Американските градови се соочуваат со рекордно високи температури

Toplo vreme.jpg

Десетици милиони луѓе во големите градови низ североисточниот дел на САД вчера беа изложени на рекордно високи температури кои се очекувани бидејќи топлотен бран го зафати поголемиот дел од земјата од крајот на минатата недела, а некои туристички атракции денеска треба да бидат затворени.

Се очекува температурите во Вашингтон и Бостон да се искачат до 38 степени Целзиусови, надминувајќи ги претходните рекорди за дури шест степени, наведува Националната метеоролошка служба.


Во Централ Парк во Њујорк, температурите достигнуваат до 37 степени Целзиусови.

Според NWS, рекордна жештина е можна и во други делови од источниот дел на САД, вклучувајќи ја северна Џорџија, Северна и Јужна Каролина, Вирџинија, Мериленд и Пенсилванија.

-Се чини дека денеска е веројатно најлошиот ден во однос на рекордните жестини во пошироката област, ​​рече Боб Оравец, главен прогнозер во Националната метеоролошка служба во Колеџ Парк, Мериленд, додавајќи дека најинтензивната жештина е концентрирана на североистокот.

Екстремната жештина предизвикува прекини во јавниот превоз низ североисточниот дел на САД. Американскиот оператор за патнички железници „Амтрак“ соопшти дека ќе мора да ги забави возовите помеѓу 12:00 и 20:00 часот на линиите помеѓу Вашингтон и Њујорк и помеѓу Филаделфија и Харисбург, што би можело да доведе до доцнења.

Дури и некои туристички атракции се засегнати. Споменикот на Џорџ Вашингтон ќе биде затворен вчера и денеска поради жештината, објави Националната служба за паркови.

Градежните компании се принудени да се прилагодат на временските услови за да ги заштитат своите работници.

Оравец од Националната метеоролошка служба изјави дека температурите од денеска треба полека да почнат да опаѓаат.

-Се предвидува дека максималната температура во четврток во Њујорк ќе биде околу 29 °C, а во петок треба да биде околу 24 °C“, рече тој.

Можете да прочитате

Пилотите на авионите што го бомбардираа Иран летале 37 часа без прекин

Папата Лав Четиринаесети ги повика Иран и Израел на дијалог и мир

Во Ерменија спречен заговор за државен удар предводен од архиепископот Баграт Галстанјан