Утрински Весник
Економија

Американските банки останаа без речиси 100 милијарди долари депозити

Американските банки останаа без речиси 100 милијарди долари депозити
Dik 300x250 mk

Регулаторите ја уверуваат јавноста дека банкарскиот систем на САД е безбеден. Ова беше објавено откако новите податоци покажаа дека клиентите неодамна повлекле речиси 100 милијарди долари депозити од американските банки. Министерот за финансии Џенет Јелен, претседателот на Федералните резерви Џером Пауел и повеќе од десетина други свикаа специјален затворен состанок на Советот за надзор на финансиската стабилност во петокот.

dobivaj vesti na viber

„Панелот разговараше за актуелните предизвици во банкарскиот сектор и истакна дека, иако некои институции се под стрес, банкарскиот систем на САД останува здрав и издржлив“, се вели во соопштението. Панелот, исто така, разговараше за тековните напори на агенциите членки за следење на финансиските трендови.

Немаше други детали за средбата.

Инаку, податоците покажуваат дека најголем дел од повлечените пари биле од малите банки. Големите институции забележаа раст на депозитите за 67 милијарди долари, додека помалите банки забележаа одлив од 120 милијарди долари.

 

Можете да прочитате

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца

ОКТА со зголемени приходи за 20% споредено со лани

Божиновска со интензивна дипломатска агенда и билатерални средби на IFESD-14