Утрински Весник
Свет

Американскиот Сенат поднесе предлог-закон за безбедност на границите и обезбедување помош за Украина и Израел

1707131517 Unnamed File.webp.webp

Американскиот Сенат денеска објави нацрт-двопартиски закон за безбедност на границите и обезбедување помош за Украина и Израел, со вкупна вредност од 118 милијарди долари, пренесува МИА.

Покрај 20,23 милијарди долари наменети за граничната безбедност, предлог-законот вклучува 60,06 милијарди долари за поддршка на Украина во војната со Русија, 14,1 милијарди долари безбедносна помош за Израел, 2,44 милијарди долари за американската централна команда и конфликтот во Црвеното Море и 4,83 милијарди долари за поддршка на американските партнери во Индо-Пацификот, според бројките објавени од сенаторот Пети Мареј.

Дополнителни 10 милијарди долари се наменети за хуманитарна помош за цивилите во Газа, окупираниот Западен Брег и Украина.

Водачот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, рече дека ќе преземе чекори за првично гласање за законот в среда, додека независната сенаторка Кирстен Синема рече дека законот ќе ја обезбеди јужната граница на САД.

Американскиот претседател Џозеф Бајден побара од Конгресот во октомври да обезбеди дополнителни средства за помош на Украина, Израел и кинескиот регион Тајван, но републиканците во Конгресот ја блокираа таа иницијатива и побараа овие средства да бидат усвоени заедно со промена на имиграциската политика.

Граничната патрола на САД уапси околу два милиони мигранти на границата во фискалната 2023 година.

Можете да прочитате

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган