Утрински Весник
Свет

Американскиот министер за одбрана: Украина има повеќе опции

Американскиот министер за одбрана: Украина има повеќе опции

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека Украина има „голем број на достапни опции“ бидејќи Киев распоредува повеќе сили во контраофанзивата.

dobivaj vesti na viber

Остин не го коментираше статусот на контраофанзивата или конкретни детали од бојното поле, но рече дека Украина „ги зачувува луѓето и опремата“, дури и кога нејзините сили намерно се пробиваат низ минските полиња и други пречки.

„Има уште голем број опции на располагање и можеме да очекуваме дека ќе продолжат со притисокот“, рече Остин на прес-конференција во Папуа Нова Гвинеја.

Можете да прочитате

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг, многумина сè уште се водат како исчезнати

Данското МНР воведе посебна смена за следење на изјавите и работата на Трамп

Специјалниот пратеник на САД Виткоф оди во Москва да ги запознае Русите со деталите од мировниот план за Украина