Утрински Весник
Свет

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

20260204130915 big 730x400 44.webp.webp

Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на Хаити, објави Амбасадата на САД на Хаити на платформата Икс.

Американската флотила е испратена на Хаити по наредна на министерот за одбрана Пит Хегсет, како дел од „Операцијата Јужно копје“ насочена против наводните шверцери со наркотици на Карибите и источниот дел од Пацификот.

Хаити со години е во криза, а од 2016 година нема одржано избори. Поради насилствата помеѓу бандите поранешниот премиер на Хаити, Ариел Анри да поднесе оставка во 2024 година, што ја втурна земјата во безбедносна, економска и здравствена криза. Мандатот на Преодниот претседателски совет завршува на 7 февруари.

Хаити е најсиромашната земја на западната хемисфера, а големи делови од територијата се под контрола на сопернички вооружени банди кои вршат убиства, силувања и киднапирања.

Можете да прочитате

Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран

Иран ги негира тврдењата на Трамп дека двете страни постигнале согласност околу клучните точки

Европската комисија бара од Будимпешта да ги разјасни тврдењата за врските на Сијарто со Москва