Утрински Весник
Свет

Американски судија пресуди дека Гугл има нелегален монопол врз пребарувањето

20240806070532 Big 730x400 8.webp.webp
Dik 300x250 mk

Американски судија пресуди дека Гугл ги прекршил антимонополските закони трошејќи милијарди долари за да создаде нелегален монопол и да стане стандарден пребарувач во светот, што е првата голема федерална победа против доминацијата на технолошките гиганти на пазарот.

Пресудата на окружниот судија дека Гугл има нелегален монопол над онлајн пребарувањето претставува историска победа, објави американското Министерство за правда.

„Оваа победа против Гугл е историска победа за американскиот народ“, се вели во соопштението на американскиот обвинител Мерик Гарланд.

Гугл го прекрши законот со монополизирање на пребарувањето на Интернет и поврзаното рекламирање, пресуди окружниот судија синоќа, што е прва победа за федералните власти кои поднесоа неколку тужби оспорувајќи ја доминацијата на технолошкиот гигант на пазарот.

Американското Министерство за правда го тужеше Гугл затоа што контролира околу 90 отсто од пазарот за онлајн пребарување. Во пресудата, судијата рече дека Гугл платил милијарди за да се осигура дека е стандарден пребарувач на паметни телефони и пребарувања.

„Гугл е монопол и се однесуваше како монопол за да го задржи својот монопол“, рече окружниот судија Амит Мехта во пресудата.

Иако е речиси сигурно дека Гугл ќе поднесе жалба на одлуката и дека спорот ќе стигне до Врховниот суд на САД, американски медиуми оценуваат дека одлуката е од сеизмичка природа и дека може да го промени интернетот каков што го знаеме и да попречи една од најпознатите компании во светот. 

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон