Утрински Весник
Свет

Американски медиуми тврдат дека Украина почнала да користи американско оружје за напади врз цели во Русија

Sad Ukraina Znami A.webp.webp

Украина употребила американско оружје за да нападне цели во Русија во изминатите денови, јавија американските медиуми повикувајќи се на изјава на американски сенатор и западен функционер запознати со тоа прашање.

Оружјето беше користено според неодамна одобрените насоки на претседателот Џо Бајден, дозволувајќи им на американското оружје да се користи за напад во Русија со ограничена цел за одбрана на Харков, вториот по големина град во Украина.

Функционерот не бил овластен јавно да коментира за чувствителната работа и зборуваше под услов да остане анонимен. Републиканскиот сенатор Мајк Раунд од Јужна Дакота, член на Комитетот за вооружени служби на Сенатот, ги потврди нападите со американско оружје, но не кажа како бил информиран.

Директивата на Бајден дозволува оружјето испорачано од САД да се користи за удар на руските сили кои напаѓаат или се подготвуваат за напад. Тоа не ја менува политиката на САД која ја насочува Украина да не користи ATACMS обезбедени од САД или ракети со голем дострел и друга муниција за офанзивно да напаѓа цели во Русија, рекоа американски официјални лица.

Можете да прочитате

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот