Утрински Весник
Култура

Американска вечер на „Охридско лето“ со монодрамата „Бикот на Фаларис“

Американска вечер на „Охридско лето“ со монодрамата „Бикот на Фаларис“

Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи Американска вечер со монодрамата „Бикот на Фаларис : Решавајќи ја загатката на чудесниот голем свет, напишана и изведена од Стивен Фридман.

dobivaj vesti na viber

Монодрамата ќе се одигра во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Една од најубаво прикажаните филозофски лекции на која е добро да се присуствува е напишана и испорачана од Стивен Фридман, со самоопишаниот „Подарок на умот“. Тој е поет сликар, автор, учител, и молекуларен биолог, но во суштината тој трага по одговорот на најголемите прашања за да извлече убавина од болката. Текстот, пренесен топло и духовито, е дел од автобиографија, делумна медитација, делумно упатство и делумно инспирација со длабоко потенцирање на афоризмите, кои се алтернативно густи, елементарни, предизвикувачки и откривачки.

Како молекуларен биолог образован на Харвард, визуелен уметник и провокативен визионер и филозоф, Стивен Фридман има одговори на големите животни прашања. Користејќи го личниот наратив, поезијата, уметноста и науката испорачува перформанс кој ја рефлектира неговата призматична, трансформациска и длабоко утешна визија за светот. Фридман нуди решение за светската болка базирана не само на верувањето и верата туку и логичната строгост- филозофија која започнува од приказната на Киеркегард, за античка направа за измачување, бикот на Фаларис, кој ужасните звуци на болката ги претвора во музика.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“