Утрински Весник
Магазин

Американка ќе наследи над милион долари од момчето со кое раскинала пред 30 години

Pari.webp.webp

Американката Маргарет Лосинџер ќе наследи над милион долари од пензискиот фонд на момчето со кое се гледала пред повеќе од 30 години, според првичната одлука на Судот.

Лосинџер во 1987., на свои 31 година, била во врска со Џефри Ролисон кога тој во рачно напишаниот тестамент, ја именувал како единствена корисничка на неговите пензиски заштеди. Според судските документи, откако Џефри и Маргарет стапиле во врска, почнале да живеат заедно, но бракот не се случил бидејќи тој не бил подготвен. Таа сакала брак и деца, па ја прекинала врската и си заминала. Подоцна се омажила и добила деца, додека Ролисон имал долгогодишен партнер, пишува „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal).

Откако Ролисон починал на 59-годишна возраст, неговите браќа го наследиле имотот. Но, се изненадиле од статусот на неговата поранешна девојка.

Маргарет, имено, ќе ги наследи сите негови заштеди од 1,15 милиони долари од пензискиот фонд. Браќата и сестрите на починатиот го оспориле тоа побарување на суд, но изгубиле. Поднесена е и жалба на таа одлука бидејќи тужителите сметаат дека тоа не било намера на починатиот, туку само невнимание.

Можете да прочитате

Крајот на јуни ќе биде особено успешен за овие три хороскопски знаци

Почина пејачот на „Crazy Town“ – Пронајден е мртов во својот дом, зад себе остави три деца

КВИЗ: Ако добиете 8/8 на овој квиз, навистина сте интелигентни