Според извештајот на американскиот сајт „Глобал Фајарпауер“ (Global Firepower), кој ја оценува воената сила на земјите, Македонија е на 108-то место.
Според тој извештај, Србија е најмоќна во регионот. Кога станува збор за регионот, Хрватска е на 69-то место, Словенија на 86-то место, Црна Гора на 128-то и Босна и Херцеговина на 133-то место, а Косово е на 134-то место на листата.
Global Firepower Index: What Gemany doing? pic.twitter.com/Wsn895XEoM
— EinNiederländerbeiPzgrenbrig37 (@nld_37) January 7, 2023
Како што е наведено на веб-страницата повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето.
Романија е на 47-то, Унгарија на 54-то, Бугарија на 59-то и Албанија на 91-то место.
Во првите 10 земји на листата се: САД, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија. Украина е дури на 15-то место.