Утрински Весник
Магазин

Амбер Херд во финансиски проблеми? Им должи повеќе пари на адвокатите отколку на Деп

Амбер Херд во финансиски проблеми? Им должи повеќе пари на адвокатите отколку на Деп
Ss2

Амбер Херд е во сериозни финансиски проблеми, а сега се појавија и медиумски извештаи дека им должи повеќе пари на своите адвокати отколку на Џони Деп по загубата на правната битка иницирана од поранешниот сопруг, пишува шпанска „Марка“.

dobivaj vesti na viber

Според пресудата, актерката мора да му плати отштета на Деп над 10 милиони долари, а неколку таблоиди тврдат дека таа на адвокатите им должи уште поголема сума.
Со оглед на тоа што нема доволно пари да му плати на поранешниот сопруг, таа поднела жалба на пресудата.

Ss1

Кога судијата одлучи дека таа мора да му плати на Деп 10,2 милиони долари, сега е откриено дека актерката им должи речиси 15 милиони долари на своите адвокати. Херд наводно има милионски долгови кон нејзините поранешни правни застапници и неколку осигурителни компании, кои наводно се вмешале во судскиот спор, но сега одбиваат да ѝ ги платат трошоците.

Актерката ја продаде својата куќа во САД, но тоа не е доволно да гпокрие ниту минимален дел од двата долга.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август