Утрински Весник
Македонија

Џамбаски: Нема да дозволам името на Гоце Делчев да биде цел на пазарење во рацете на бесрамните политички трговци во Скопје

Џамбаски: Нема да дозволам името на Гоце Делчев да биде цел на пазарење во рацете на бесрамните политички трговци во Скопје
Dik 300x250 mk

Нема да дозволам името на Гоце Делчев да биде цел на пазарење во рацете на бесрамните политички трговци во Скопје, пишува на социјалните мрежи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски по повод одбележувањето на 120 годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев.

dobivaj vesti na viber

120 години бесмртност! На 4 мај 1903 година, во битката за селото Баница, кон бесмртноста на големиот син на Бугарија, Георги Николов Делчев, пишува Џамбаски.

„Нема да дозволам името на Гоце Делчев да биде цел на пазарење во рацете на бесрамните политички трговци во Скопје, кои сакаат да ја оправдаат својата антибугарска политика“, дополнува во напишаното.

Не треба да заборавиме, додава бугарскиот европратеник во напишаното, дека посмртните останки на големиот бугарски револуционер, бугарските комунисти-предавници им ги предадоа на југословенските бугаромразители по болшевичкиот пуч на 09.09.1944 година.

„Таму Гоце беше одвлечен, затворен, оставен во Скопје. Таму каде што денес има злоба и омраза кон македонските Бугари, кон Бугарите воопшто, кон Бугарија.
Време е Гоце да го најде својот вечен мир со семејството. Во спомен обележјето во Благоевград, каде почиваат неговите најблиски роднини“, пишува Џамбаски.

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца