Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џамбаски: Името на Ковачевски е бугарска „Али експрес“ верзија, ние одлучуваме кои сте вие

Џамбаски: Името на Ковачевски е бугарска „Али експрес“ верзија, ние одлучуваме кои сте вие
Dik 300x250 mk

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски жестоко реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека не го познавал кој е тој и дека македонизмот секогаш ќе го има.

dobivaj vesti na viber

Во видео обраќање Џамбаски му порача на Ковачевски дека не е важно што тој не го знае бугарскиот пратеник затоа што тој и неговите сопартијци од ВМРО знаеле кој е тој и од какво семејство потекнува премиерот.

– Ако добро се сеќавам, Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите на бившите премиери Бојко Борисов и Зоран Заев. Носеше папки, работеше некои бирократски работи, нешто како машка секретарка. Тоа е задачата на сите исполнувачи на туѓа волја. Тој е само фасада, тој ја исполнува волјата на Белград и на Кремљ.

Димитар Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, но тој е антибугарска, нацистичка, фашистичка и болшевичка иделогија која има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија. Тоа е фалш идентитет кој е антибугарски – рече Џамбаски.

Европратеникот се осврна и на личното име на премиерот Ковачевски кое било бугарска Али Експрес верзија.

– Ковачевски тврди дека македонскиот јазик е единствен. Но тој е дијалект на бугарскиот јазик и тоа го докажува секој лингвист. Македонизмот и македонскиот идентитет ГМО исто како и неговото име. Тој не е Димитр туку Димитар. Неговото име е бугарска али експрес верзија.

Немаат никаква историја пред 1944 година. Димитар, ќе ви се обратам на вие. Прашајте ги членовите на вашиот кабинет какво потекло имаат. Тие дошле од Шумадија да ги тероризираат македонските Бугари. Колку што знам и вашите претци имаат титовско минато – рече тој.

Џамбаски му порача на македонскиот премиер дека нашата Влада не решава ништо во врска со ЕУ, туку за тоа кои сме и што сме, решаваат Бугарите.

– Ние Бугарите сме дел од Европската унија, а вие србоманите не сте. Ние Бугарите сме од оние што решаваат каде сте вие. Кои сте вие, решаваме ние, не вие Димитар или Белград. Вие не решавате ништо. Вакви какви што сте, ќе може да направите сојуз со Северна Кореја.

Можете да прочитате

49.000 граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип

Полициска акција синоќа низ Скопје, запленети кокаин и марихуана

Со огнено оружје пукано кон куќа во Ѓорче Петров