Утрински Весник
Магазин

Алтернативата на „Твитер“ зема замав

Алтернативата на „Твитер“ зема замав

Социјалната мрежа „Блускај“ (Bluesky) постои од неодамна.

dobivaj vesti na viber

Деновиве бележи раст на бројот на корисници кои пребегнаа од „Твитер“, меѓу нив и големи твитерџиски ѕвезди како на пример Дрил или политичарката Александрија Оказио Кортез.

Се појави речиси преку ноќ, а сега за оваа платформа пишуваат сите американски медиуми, кои потенцираат дека „Блускај“ сака да им даде на корисниците поголема контрола врз нивното искуство со социјалните мрежи.

Во основа, тоа е децентрализирана социјална мрежа поддржана од поранешниот извршен директор на „Твитер“ Џек Дорси, кој всушност е еден од основачите на „Блускај“ и актуелен член на одборот на чие чело е Џеј Гарбер.

Гарбер беше назначен на таа позиција од челниците на „Твитер“ пред доаѓањето на Маск. Накратко, може да се каже дека ова е „не-Твитер“ основан од поранешни вработени на „Твитер“.

Идејата е мрежата да биде малку како Мастодон, уште една алтернатива на „Твитер“, но оваа би можела да заживее.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста