Утрински Весник
Македонија

АлтернАтивА: Ако нема политички консензус, не може да има работни групи за уставни измени

АлтернАтивА: Ако нема политички консензус, не може да има работни групи за уставни измени

По поканата на Министерството за правда за учество на работната група за подготвување на уставните измени, денес сме тука да појасниме дека АлтернАтивА нема да учествува во таквата група, велат од партијата.

dobivaj vesti na viber

– За нас не може да има работни групи за составување или подготовка на уставните измени без да има претходно политички консензус помеѓу политичките партии за поддршка на тие измени, преку кои треба да се отвори патот за интеграција на земјата во Европската Унија, велат од АлтернАтивА .

Освен тоа, АлтернАтивА не може да седне на иста маса и да дискутира на оваа тема со партии кои уште не се изјасниле за нејзиниот предлог-амандман за борба против политичката корупцијата. Се додека во судството секој ден се соопштува за предмети на политичката корупција кои застаруваат, а владата и другите политички партии молчат за нашиот предлог за уставно санкционирање на незастарувањето на делата поврзани со политичка корупција, ние немe никаква обврска да одговориме на покани за сликање или за глумење дека сме за уставни измени, информираат од партијата.

– Ако некој сака да ја види АлтернАтивА како дел од тие дебати, првин треба да понуди реална можност за политички консензус, а како второ на дневен ред да биде нашиот уставен предлог-амандман за борба против корупцијата, децисни се оттаму.

АлтернАтивА потсетува дека според нив уставните измени немаат никаква смисла ако Северна Македонија продолжува со разни средства да ја подржи политичката корупција.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ