Утрински Весник
Спорт

Алкараз: Подготвен сум да ги „врзам“ Ролан Гарос и Вимблдон

20240629185741 Big 730x400 93.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вимблдон е во тек, а во центарот на вниманието сега е актуелниот шампион и победник на Ролан Гарос, Карлос Алкараз. Шпанецот истакнува дека е подготвен да ја одбрани титулата.

– Во моментов, не се чувствувам особено посебно. Иако, овде се ми е посебно, бидејќи минатата година имав две одлични недели. Но, јас само сакам да гледам на ова како на секој турнир. Се чувствувам одлично, имав многу денови да се адаптирам, да тренирам. Се чувствувам многу порелаксирано кога се движам и играм на трева, изјави Алкарас.

Шпанецот доаѓа со „ореолот“ на освојување на Ролан Гарос и има шанса да го направи она што не го направија многу луѓе во отворената ера – да ги освои Ролан Гарос и Вимблдон во истата година. Ова го постигнаа Бјорн Борг три пати, Рафаел Надал двапати и Род Лејвер, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ по еднаш.

– Само да се освои Гренд слем е тешко. Сè е уште потешко кога за краток временски период се префрлате од земја на трева. Но, да речеме дека ќе се обидам да го направам тоа. Сакам да се приклучам на листата на малиот број луѓе кои го направиле ова. Знам дека ќе биде многу тешко, многу предизвикувачки. Но, мислам дека сум подготвен за тоа, порача Шпанецот.

Тој призна дека гледа видеа од поранешните шампиони, но потенцира дека нема ништо да промени во својата игра.

-Сè уште гледам снимки од Роџер, Енди (Мареј), Рафа, како и Новак. Сега ги гледам моите снимки за да видам како го направив тоа, заврши Алкараз. 

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место