Утрински Весник
Македонија

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Image 2025 12 05 112548392.png

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и со Синдикатот на Клинички центар.

„Со синдикатите сме на иста страна, во постојана комуникација сме, одржуваме редовни работни средби и заеднички се залагаме за унапредување на статусот на здравствените работници. Во духот на социјалниот дијалог, разговаравме и ги разгледувавме можните аспекти за доработка на колективниот договор“, кажа министерот.

„Воедно, ги информирав претставниците на синдикалните организации за динамиката со која се одвива реализацијата на новите вработувања во здравството, кои беа привремено пролонгирани поради локалните избори, како и за трајното вработување на приватните специјализанти“, додаде министерот Алиу.

Можете да прочитате

Искри од брусилица предизвикаа пожар – брзата реакција на пожарникарите спречи поголема катастрофа

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе