Утрински Весник
Македонија

Алиу побара вонреден надзор по трагичниот случај на ГАК

Ginekologija Gak.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за здравство изрази длабоко сочувство до родителите на починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство. По настанот, министерот за здравство Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор.

Од Министерството информираат дека сите надлежни институции ќе постапуваат професионално, стручно и транспарентно, со цел јавноста да биде точно и објективно информирана за околностите под кои се случил настанот, како и за преземените активности од стручен аспект.

„Министерството за здравство, заедно со инспекторатот, ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај и за преземените активности од стручен аспект“, се наведува во соопштението.

Воедно, од Министерството апелираат јавноста и семејството да ги почекаат наодите од надзорите и обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен основ за утврдување на причините за смртта на новороденчето, со цел да не се создава немир пред добивање на конечните резултати.

Министерството потенцира дека Клиниката за гинекологија и акушерство претставува врвна терциерна здравствена установа, во која се применуваат законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Јавноста, како што најавуваат, ќе биде навремено информирана веднаш по добивањето на сите релевантни наоди.

Можете да прочитате

Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош