Утрински Весник
Скопје

Алиу: Очекувам идната година да имаме смарт паркинг во кругот на Клиничкиот центар и катна гаража

Aliu minister.jpg

Очекувам дека во првата половина од 2026 година да имаме најдобар паркинг во кругот на Клиничкиот центар, инфраструктура во државата, значи целосно смарт паркинг, исто така и катна гаража. Ќе има доволно паркинг места за вработените, пациентите и сите кои сакаат да бидат дел од таа инфраструктура во Клиничкиот центар, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Посочи дека денеска имал состанок со новиот директор на Јавното претпријатие „„Градски паркинг“, Владимир Кроневски и се договориле за динамиката на работа.

– Завршија административните процедури. Се очекува до средината на наредната недела во Службен весник да бидат дефинирани тие парцели за кои елаборатот помина. После тоа немаме никаква процедура, само треба да имаме прес-конференција со директорот, да се потпише договорот и да се почне со работа, додаде Алиу одговарајќи на новинарско прашање.

Можете да прочитате

Меџити: Дрвјата од кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза” ќе бидат повторно засадени во новиот парк „Рилиндја” во Чаир

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта,  повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Поради протест денеска посебен режим на сообраќај во Скопје