Утрински Весник
Економија

„Алибаба“: Ќе инвестираме уште две милијарди долари во Турција

„Алибаба“: Ќе инвестираме уште две милијарди долари во Турција

Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ планира да инвестира 2 милијарди долари во Турција најавувајќи изградба на центар за податоци и логистика во Анкара и формирање оддел за извоз на аеродромот во Истанбул.

dobivaj vesti na viber

Инвестицијата ја најави претседателот на групата, Мајкл Еванс, на средба со турскиот претседател Таип Ердоган, се вели во соопштението за печатот од турскиот разгранок на „Алибаба“.

Временската рамка на инвестицијата не е наведена.

„Алибаба“ веќе има инвестирано 1,4 милијарда долари во Турција преку нејзината подружница „Трендиол“, која е меѓу најпознатите онлајн-продавници во Турција, рече Еванс, според соопштението.

„Трендиол“, чиј претседател Чаглајан Четин исто така се состана со Ердоган, рече дека Еванс ги наведе деталите за новите инвестиции, како што е изградбата на податочен и логистички центар во Анкара и формирањето извозен центар на аеродромот во Истанбул.

Ердоган моментно се наоѓа во САД, каде што в понеделник почнува 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија