Утрински Весник
Македонија

Aлијанса за Албанците: Средбата Мицкоски-Филипче е за да се заштитат меѓусебно и да се зајакне моноетничката држава

Alijansa Za Albancite 1.jpg

Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците:

Денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски и проформа лидерот на контролираната македонска опозиција Венко Филипче е само манифестација на проектот „Македонија повторно твоја”, спонзориран од македонската олигархија и од „серискиот свет”.


Се знае за што ќе разговараат Мицкоски и Филипче. Овој последниот, заедно со сите негови пријатели, ќе се спасат од секаква законска одговорност за своите дела, додека двајцата заедно ќе го дизајнираат новиот систем кој ќе продолжи да ги удира Албанците, да ја деалбанизира државата, да ги прогонува Албанците и да го зајакне моноетничкиот режим.

Ја прашуваме коалицијата на албанските партии ВРЕДИ, кои без легитимитет се во Владата каде никој не ги рачуна, што повеќе треба да се случи за да се вразумат, да се одразат и да ја отфрлат улогата на вазали која скапо ги чинеше Албанците во овие 9 месеци.

Можете да прочитате

Дсвкова, Мицковски и Тошковски Велигденските празници ги минуваат во државните вили во Охрид

ВРЕДИ со честитка за Велигден

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела