Вечерва, 13.10.2022 во 19ч. ќе се отвори изложбата на слики „ЗАБРАНЕТ ДИЈАЛЕКТ“ на младата уметница од Воден, Грција – Александра САМПАЛИ.
Изложбата е во дијалог со слики од Салвадор ДАЛИ (од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж).
Со растењето во семејство од ова село каде се чуваат обичаите и дијалектот без страв, каде се прифаќаат сопствените корени, пренесена е традицијата и културната стимулација преку разни социјални случувања (свечености, слави, свадби, погреби).
Преку едноставни, секојдневни локални слики, се создаваше перцепцијата за ритамот и композицијата на објектите и боите без претенциозно совпаѓање, кои раѓаат засебна „бизарна“ култура – народна и истовремено со балкански влијанија. … Надреалната реалност е полна со елементи на традиција, историја и култура.
Со оваа изложба започнува Официјалната програма на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2022.