Утрински Весник
Македонија

Александар Саша Димитријевиќ и Александра ја крунисаа љубовта

Baf6b410 cd32 4f08 ba6d 7087ce9989dc.jpeg

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, и неговата избраничка Александра, синоќа го изговорија судбоносното „да“ на свадбена церемонија одржана во скопскиот ресторан и бар „Риас“.

Димитријевиќ денеска на „Фејсбук“ сподели фотографии од свечениот момент, додавајќи ја пораката: „Од сега па натаму… двајца против светот.“


На свадбата присуствуваа највисоките претставници на СДСМ, меѓу кои и претседателот на партијата Венко Филипче и заменик-претседателката Фани Каранфиловска Пановска, која на социјалните мрежи објави фотографија со коментар „Брачна ноќ“.

Гостите беа и потпретседателите Ана Чупевска, Методија Илиевски, Каја Шукова и Мартин Костовски, кои се актуелни кандидати за градоначалници на Скопје и Куманово.

Младенците добија бројни честитки за среќен и хармоничен заеднички живот.

Можете да прочитате

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДМ ги демантира граѓаните и веста дека се ограбени на интернет ја нарече лажна вест

Не излегувајте доколку немате потреба, топлиот бран од Африка продолжува