Утрински Весник
Македонија

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

Galicnik dvojka.jpg

Мартина Михајлова и Александар Пендароски се избрани за невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“. Одлуката ја донесе Советот на Месната заедница Галичник откако ги разгледал сите пристигнати апликации.

Месната заедница Галичник им го честита изборот на годинашните младенци на Галичката свадба и, како што соопшти, верува дека „ Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник“.


-Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката тешка и особено предизвикувачка. Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност. Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар. За нив ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените, се наведува во соопштението на МЗ Галичник

Можете да прочитате

Законот за Советот на јавните обвинители го помина првото читање на собраниските комисии

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра