Утрински Весник
Македонија

Александар Гелевски, нов директор на Агенцијата за планирање

Aleksandar Gelevski.jpg

Досегашниот секретар на општина Куманово, Александар Гелевски, е нов директор на Агенцијата за планирање на просторот. Гелевски е избран на конкурс и има четиригодишен мандат.

– Добро сум запознаен со обврските, задолженијата и работните процеси во институцијата. Првите осум години, од 2006 до 2014 бев работно ангажиран во „Урбан ГИС“ ДОО Куманово, што е подружница на агенцијата. Работам во областа за која сум се образувал, а можам да ветам дека ќе се посветам стручно и професионално во извршувањето на моите обврски, изјави Гелевски.


Кумановецот Гелевски дипломирал на Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје – Архитектонски факултет во 2006 година и ја почнал кариерат како проектант и планер-урбанист, со што се здобива со овластувања од областа на урбанизмот и архитектурата. Во 2014 година се вработува во Општина Куманово како советник во Одделение за урбанизам, во ноември 2018 е назначен за раководител на Одделение за спроведување на урбанистичка документација – Сектор за урбанизам, а во август 2020 доаѓа на функцијата -секретар на Општина Куманово, каде по две години беше реизбран за оваа функција.

Можете да прочитате

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска

Митева го објави новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога