Утрински Весник
Спорт

Алегри сакаше да се пресмета со навивач

Алегри сакаше да се пресмета со навивач

Јувентус, во неделата, запиша тешка победа над Фиорентина (1:0). Во центарот на вниманието беше тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри, кој влезе во конфликт со еден од навивачите на домашниот тим.

dobivaj vesti na viber

Јувентус не блескаше ниту на овој меч. Впечатокот е дека во раната фаза од второто полувреме, Алегри се определи да ја брани минималната предност.

Навивачите во текот на мечот неколку пати со свирежи ги испратија домашните фудбалери. Еден од нив влезе во вербална расправија со тренерот на Јувентус.

Не сакајќи повеќе да го слуша Алегри во еден момент го повика навивачот да се симне за да се пресмета со него.

„Затвори ја устата и слези долу“.

На крајот сепак се помина без некој поголем инцидент.

 

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам