Утрински Весник
Балкан

Албанскиот парламент суспендира пратеници од ДП по инциденти на седница

Albanija 1.webp.webp

Секретаријатот за етика при албанскиот Парламент донесе одлука шест пратеници од Демократската партија да бидат исклучени од работата на Собранието на 30 дена, поради инцидентите и нередите на последната пленарна седница, кога беа запалени факели и дојде до судири со обезбедувањето. Дополнително, уште 23 пратеници добија опомена. Одлуката предизвика реакции во опозицијата.

Пратеникот Фламур Нока оцени дека санкциите се политички мотивирани и донесени по налог на премиерот Еди Рама, порачувајќи дека Демократската партија нема да се повлече и ќе продолжи со притисокот за формирање техничка влада. Критики упати и поранешната претседателка на Парламентот, Јозефина Топали, која оцени дека исклучувањата се преседан и чин на институционален притисок врз опозицијата.

Можете да прочитате

Дете од Унгарија падна од видиковец на замокот Блед

Падна хеликоптер што гасел пожар во Грција – спасени двајцата членови на екипажот

Три лица мртви во студентски дом во Бугарија