Утрински Весник
Балкан

Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра

Gp 418573.jpg

Директорот на Управата за граница и миграција во албанската државна полиција, Саимир Бошњаку, изјави дека во изминатиот период од годинава, на граничните премини запленети се над 2,3 милиони евра, за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од криминални активности.

На јавната панел дискусија на тема „Спречување на перење пари и транснационална корупција“, организиран од Специјалната антикорупциска комисија, Бошњаку рече случаите на непријавување финансиски средства на граничните премини е во постојан раст.

-Како гранична полиција сме откриле многу случаи на непријавување пари на граничните премини, што како појава од година во година бележи раст. Ако во 2022 година имавме околу 32 предмети, со околу 3,6 милиони евра, главно од физички лица или транспортни фирми, кои превезувале непријавени пари, во 2023 година имавме 79 предмети, со околу 2,8 милиони евра, рече Бошњаку.

Во изминатиот период од годинава, според него, има 62 случаи, со вкупно запленети над 2,3 милиони евра.

Последниот случај, посочи тој, е оној од синоќа кога на граничниот премин Хан Хоти- Муриќан, на границата со Црна Гора, на влез на албанска територија запленети се 680.595 евра. Биле скриени во модифицирани врати на патничко моторно возило „мерцедес“, при што приведен е 51-годишен албански државјанин.

Можете да прочитате

Висока корупција во здравството: Хрватскиот министер Берош приведен

Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Граѓаните на Нови Сад застанаа на 14 минути, бараат одговорност за несреќата на железничката станица