Утрински Весник
Спорт

Ал-Хилал му даваат 220 милиони евра по сезона на Меси?

Ал-Хилал му даваат 220 милиони евра по сезона на Меси?

Ал-Хилал се подготвени да му понудат на Лионел Меси договор со 220 милиони евра годишна плата за да му конкурираат на ривалот Ал-Наср, кој го донесе Кристијано Роналдо со слично богат договор, тврди „Марка“.

dobivaj vesti na viber

Роналдо пристигна во Саудиската Про-лига во декември по раскинот на договорот со Манчестер јунајтед, и според шпекулациите добива 215 милиони долари по сезона, а по крајот на кариерата ќе стане амбасадор на Саудиска Арабија. Според „Марка“, Ал-Хилал ќе се обидат со богат договор да ги надминат своите ривали. Ал-Хилал во моментов отслужуваат суспензија на трансфери, но ќе можат да направат трансфери во текот на летото, а саудиската влада е подготвена да ги смени законите за ограничена плата за да може да пристигне Аргентинецот.

Договорот на Меси со Пари Сен-Жермен завршува на текот на летото и францускиот клуб се обидува да му го продолжи договорот. Меси веќе е амбасадор за туризам на Саудиска Арабија и повеќе пати ја посетувал земјата како дел од промотивни кампањи. Во вторникот, неговиот татко и агент, Хорхе Меси беше забележан во Ријад, зголемувајќи ги шпекулациите дека преговара за трансфер.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ