Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во текот на утрешната ноќ, како и во петок невреме ќе ја зафати Македонија со поројни врнежи, силни грмежи, ветер и со град

320443 10151934430290525 623255130 N1.jpg

Многу топло, но со сосема малку пониски температури за разлика од денес ќе се задржи и во текот на утрешниот ден. Сепак поради продор на ладен атмосферски фронт од северозапад, во текот на утрешната ноќ кон петок, како и во петок во Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Поради брзиот продор на ладниот атмосферски фронт од северозапад кој ќе пристигне на многу загреана атмосфера и исполнета со енергија поради повеќе дневниот топол бран од Африка, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер, силни и чести електрични празнења како и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и покрупен.

И во Скопскиот регион во текот на утрешната ноќ кон петок, како и во петок ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме.

Апелираме граѓаните во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите да се заштитат.

Што се однесува до температурите, тие во петок позначително ќе опаднат, и тоа за 8 до 10 степени во споредба со сегашните и во петок максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени.

Можете да прочитате

Министерство за здравство без ниту една препорака до граѓаните за опасниот пожар во Трубарево

Авион, хеликоптер и БТР го гасат пожарот во Трубарево

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите