
До 18:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, четири се под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

АКТИВНИ ПОЖАРИ:
Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, кај Готен планина и Малешевски Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Ресен – с. Шурленци и с. Езерани (трска и ниска вегетација)
Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
Општина Прилеп – с. Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)
Општина Шуто Оризари – ул. Брсњачка Буна (ниска вегетација)
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:
Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)
Општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Општина Гостивар – с. Симница (нискостеблеста и дабова шума)
Општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и ниска вегетација)
ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ:
Општина Куманово – Индустриска зона (ниска вегетација и отпад)
Општина Старо Нагоричане – с. Старо Нагоричане (отпад)
Општина Брвеница – с. Брвеница (ниска вегетација)
Општина Гостивар – с. Чајле (ниска вегетација)
Општина Долнени – с. Горно Село (ниска вегетација)