Центарот за управување со кризи информира дека вчерашниот пожар во прилепско сè уште е активен, а утрово настана нов пожар во кривопаланечкото село Кркља. Во гаснењето на пожарот во селото Кркља интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило, а од 8 часот упатена е уште една екипа со четири лица со теренско возило од „Осогово“, подружница на „Национални шуми“.
Во ЦУК, од вчера, во последното деноноќие, имаше пријави за 22 пожари врз коишто се интервенираше на отворен простор, а со денешниот вкупно се 23 пожари.
Се уште е активен и пожарот од вчера, во Општина Прилеп каде заради брзото ширење на пожарот беше интервенирано со 3 авиони на ДЗС што направиле по два прелета.
Изгаснати пожари има и во Сарај, Бутел и Аеродром, како и во Прилеп, Демир Хисар, Охрид, Македонски Брод.