Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

„Ако има сомнеж за саботажа, треба да нѐ известат“ – нема предмет во Обвинителството за запалениот автобус во Сопиште

Jsp Avtobus Zapalen 2.jpg
300x250 opst2

Скопското Обвинителство нема оформено предмет за запалениот автобус во Сопиште, а откако директорот Драги Кушовски во изјава за медиумите рече дека можеби станува збор за саботажа од политички причини. Тие посочуваат дека ако службите кои постапувале имале сомнеж дека има сомневање за такво нешто, требало да го известат обвинителството.

„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставено известување за настанот. Службите и вештите лица кои постапувале на терен, доколку утврдиле дека има сомнеж за сторено кривично дело или намерна саботажа на автобусите, имаат обврска за тоа да го известат обвинителството, кое веднаш ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.


Претходно, директорот на ЈСП, Драги Кушовски, за медиумите изјави дека претпријатието веќе има одредени сознанија во врска со овие инциденти.

„Имаме некои сознанија, но ќе оставиме да видиме дали се политички мотивирани или како овие работи се случуваат, бидејќи овој автобус бил еден од подобрите и исправен. Најверојатно е проблем со инсталацијата. Овој автобус стои тука, не се повлекува во базата бидејќи е вон градот и навечер стои тука. Повикани се вешти лица утврдиме кои се деталните причини за ова“, рече Драги Кушовски, директор на ЈСП за „Сител“.

Можете да прочитате

(Видео) „Реално“ со Марко и Дејан Митески: Аеродром може да остане зелена и мирна општина

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани – јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!