Утрински Весник
Македонија

Ако има патни трошоци за пратениците, да има и за работниците, бараат од Левица

Levica.webp.webp

Соопштение за јавност на Левица:

Во време кога работниците едвај преживуваат, додека олигархијата и политичките елити беспоштедно ги полнат своите џебови, Левица во Собранието поднесе предлог-закон за враќање на правото на работниците на надомест за патни трошоци. Со оваа мерка, конечно ќе се исправи долгогодишната неправда, со која трошоците за доаѓање на работа им беше наметнат на товар ма работниците.


Ова законско решение предвидуваме работодавачите да обезбедат превоз или целосно да ги покријат трошоците за патување на работниците, како што, впрочем, е уредено и во други земји.

За жал, пратениците кои без срам земаат стотици илјади евра за патни трошоци – не го изгласаа предлот на Левица за ограничување на истите и прекинување на злоупотребите. Сега, очекуваме пратениците коишто беа загрижени за трошоците за доаѓање на работа, да покажат доблест и барем делумно да си ги изедначат правата со македонскиот работник.

Ги повикуваме владејачкото мнозинство да престане со својата политичка ароганција, да ги надминат теснопартиските калкулации и конечно да гласаат во интерес на работниците. Одбивањето на овој предлог ќе биде уште еден доказ за нивната себичност и дека владејачката структура е глува за проблемите и апелот на народот, односно одлепена од реалноста.

Можете да прочитате

Уапсен охриѓанец оти истепал друг охриѓанец

Србин, Турчин и уште неколку лица од Скопје, меѓу кои и малолетници, уапсени за дрога

Преку Фејсбук повикувал на убиство на маж од Кочани – Доби кривична пријава од полицијата