Утрински Весник
Македонија

Јакимовски очекува да влезе во вториот круг од претседателската трка

Stevco.png

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски номиниран од политичката партија ГРОМ, а поддржан да учествува во трката со 10.000 граѓански потписи на претстојните двојни избори во земјава, очекува изненадувања. Јакимовски очекува да влезе во вториот круг од претседателските избори. Според него и по парламентарните избори, кои ќе се одржат заедно со вториот круг на претседателските, 8 мај, решавачка улога во составувањето на новата Влада ќе одиграат помалите политички партии. -СДСМ и ВМРО ДПМНЕ треба да размислуваат на кого ќе ги дадат гласовите во вториот изборен круг, а не јас, изјави Јакимовски, на гостувањето во емисијата „Клан дебата“ и потенцира дека не е ничија марионета и дека на претседателските избори не се кандидирал за да му прави ќеиф или пак да му смета на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Јакимовски смета дека неопходно да се разговара како во иднина ќе се партиципира власта со албанскиот политички блок за кои смета дека се виновни за она што ни се случува. -Недозволиво е да се  тепаш во институции, недозволиво е да се зема мито. Имаме практики кои не биле добри и ги иритираат и Македонците и Албанците, порачал Јакимовски.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина