Утрински Весник
Македонија

Акциска сообраќајна контрола, 58 санкционирани возачи, кај 55 возила констатирани неправилности

39 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Во текот на вчерашниот ден (15.3.2023), во периодот од 14 до 20 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови, составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на целата држава. При контролата санкционирани се 58 возачи. Од нив, 23 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило).

dobivaj vesti na viber

Во однос на возилата, кај 55 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои 12 за неисправни сопирачки, пет поради измината важност на сообраќајната дозвола.

За време на контролата санкционирани се и 118 други видови прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

ДУИ: Државата изгуби 40 милиони евра од Планот за раст на ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ не се реформирани туку рециклирани

Несреќа во Србија: Македонски автомобил излетал – едно лице загина, едно тешко повредено