Утрински Весник
Македонија

Акциска сообраќајна контрола, 35 санкционирани возачи, кај 17 возила констатирани неправилности

178 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 14.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава.

dobivaj vesti na viber

При контролата, санкционирани се 35 возачи. Од нив, 21 санкциja за возење без возачка дозвола, четири мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило), пет санкции за возач почетник… Во однос на возилата кај 17 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои три за неисправни сопирачки, три поради измината важност на сообраќајната дозвола.

Упатени на вонреден технички преглед биле 32 возила. За време на контролата санкционирани се и 99 други видови на прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Сниман, препознаен, но непроцесиран – дали системот затаил и дозволил осомничениот да стане сериски убиец во кумановско?

„КОД“ откри: Марихуаната во Србија превезувана како „македонски перници“ од Прилеп

Алиу: Најмалку шест производители на медицинска марихуана ќе ги изгубат лиценците