Утрински Весник
Македонија

Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведено едно лице, пронајдена дрога

Policija blokirana ulica 1 bg resize.jpg

Полициски службеници од СВР Штип во содејство со инспекциски служби од Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, по претходно изготвен  план, вчера и денес (02/03.05.) во периодот од 22,00 до 01,00 часот извршија акциска контрола во угостителски објект во Штип. Притоа  во објектот е затекнато 17 годишно малолетно лице од Штип кое што во угостителскиот објект консумирало алкохолен пијалок, за што ќе следат соодветни поднесоци
Исто така при контролата од страна на полициските службеници кај лицето А.С. (29) од Струмица посетител на објектот е пронајдена и одземена една зипер кесичка со Н.Н бела прашкаста материја, лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно чл. 215 од КЗ на РСМ.

Воедно утврдено е дека обезбедувањето на угостителскиот објект ја извршувала дејноста без потребните лиценци утврдени со закон, а пак од страна на инспекторите од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи констатирани се недоследности од нивна надлежност за што изречени се соодветни мерки.


Можете да прочитате

Ги запоставила децата и дозволила малолетната ќерка да има полови односи, обвинувања кон мајка од поранешниот партнер

Пожар во близина на селото Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Фон дер Лајен: Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик