Утрински Весник
Македонија

Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции

Img 7246.jpeg

Денеска (16.04.2025) во периодот од 06 до 10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во заедничка акција со Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски, на подрачјето на Скопје спроведоа контрола за спроведување на законските регулативи и транспортот на патничките и товарните моторни возила, а со цел обезбедување поголема безбедност и законитост во областа на транспортот.


Притоа, од страна полициските службеници од СВР Скопје беа преземени девет мерки и беа поднесени девет платни налози и записници за сторени прекршоци според Законот за безбедност на патниот сообраќај и според Законот за возила.
Додека, од Државниот инспекторат за транспорт беа констатирани вкупно 29 мерки според Законот за превоз во патниот сообраќај и според Законот за работно време на работниците.

Можете да прочитате

Лажен полицаец одзел возило на фирма, а подоцна нападнал и женa и ѝ го украл кучето

30.000 евра, закани и сомнеж за манипулација со телефон – потресни сведоштва на судењето за трагедијата во Тафталиџе

УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“