Утрински Весник
Македонија

АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри, неправилност утврдена кај еден оператор со храна

Skijanje Sneg.jpg

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри.

Како што соопшти АХВ, контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.


Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрација, стои во соопштението на АХВ.

Кај другите контролирани оператори со храна, како што додаваат оттаму, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.

Можете да прочитате

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити

Водата во Струга безбедна за пиење, по еден месец тргната забраната