Утрински Весник
Македонија

АХВ со апел: Граѓаните да пријават пронајдени угинати водни птици

Ahv.jpg

Во врска со болеста птичји грип (авијарна инфлуенца), која неодамна беше потврдена кај две угинати диви птици во Скопје, во два изолирани случаи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на info@fva.gov.mk ), или ветеринарните друштва. Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани угинувања, тоа треба да го пријават на јавните комунални претпријатија за нештетно отстранување на лешевите.

Болеста авијарна инфлуенца, иако станува збор за зооноза, во вакви случаи, непретставува сериозна закана за ширење на болеста, ниту кај птиците ниту кај
луѓето.
Болеста се шири преку директен контакт со заразени птици или секрети од истите, особено фекалии. Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува одгледувачите на живина дека задолжително е пријавувањето на промени во здравствената состојба и зголемена смртност на живината, до надлежен официјален ветеринар или ветеринарно друштво, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности на одгледувалиштето. АХВ апелира на внимателност и преземање на заштитни мерки за категориите на лица кои се изложени на ризик, односно за лицата кои можат да имаат близок контакт со заразени птици.

Дивите птици, најчесто преселните, се резервоар и најчести преносители на
вирусот на болеста птичји грип.

Можете да прочитате

Поради немање кворум, одложен изборот на Христовски за асистент

Доцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање

Скоро половина метар снег на Скијачките центри, а најтопло во Гевгелија со 15 степени